Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во сорабтока со Националната агенција на Турција објавува повик за 2 учесници од Република Северна Макдонија кои ќе учествуваат на “Кратка студиска посета & градење на капацитети на организациии во Европски солидарен корпус “, од 15 до 19 ноември 2021 во Анталија , Турција.
Цели на настанот:
Настанот ќе овозможи младински работници и организации кои работат во Европски солидарен корпус да се запознаат со младинската работа и активностите на младинскиот сектор во Анталија преку директни контакти и размена на идеи за идни заеднички активности. За таа цел ќе бидат реализирани комбинирани активности на посети со работни сесии фокусирани на вмрежување, размена на искуство и добри пракси во работата. За време на настанот учесниците ќе имаат можност да дискутираат и за релациите на организациите со Европски солидарен корпус и волонтерство.
Настанот ќе овозможи:
– неколку посети на лице место на тековни проекти во Анталија кои се финансирани преку Европски солидарен корпус;
– можност за креирање на нови партнерства и вмрежување за учесниците и организациите кои работат во Европски солидарен корпус;
– споделување на добри практики и реални ситуации во кои работат претставниците на организациите од државите членки на ЕУ, партнерските држави и Турција;
– мапирање на влијанието на Европски солидарен корпус на одржливоста на проектите од ЕСК;
Профил на учесници:
– Претставници на организации активни во имплементација на проекти преку програмата Европски солидарен корпус
– Младински работници
– Младински лидери
– Ментори (на волонтери , на учесници преку програмата Европски солидарен корпус)
Патни трошоци за учесниците:
– По приемот на сите апликации од заинтересирани учесници НАЕОПМ ќе изврши селекција на вкупно 2 учесници .
– На селектираните учесници на настанот трошоците за пат ќе им бидат покриени од страна на Националната агенција со купување на повратен авио билет на релација Скопје – Анталија – Скопје со датум на поаѓање 15.11.2021 и датум на враќање 19.11.2021 година.
Трошоци за сместување и храна:
– од страна на организаторот Националната агенција на Турција за сите учесници покриени се трошоци за оброци, кафе паузи и сместување.
– Учесниците ќе бидат сместени во еднокреветни соби и трошоците за сместување ги покрива Националната агенција на Турција
КОВИД 19 мерки за патување и сместување во хотел:
– Сите заинтересирани учесници мора да ги исполнат актуелните КОВИД 19 мерки кои се валидни за патување во Република Турција.
– трошоци за КОВИД 19 / антиген тест нема да бидат покриени од организаторот или од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Учесниците кои немаат Сертификат за примени 2 дози на вакцина сами ги покриваат трошоците за КОВИД 19 / антиген тест.
– заштитни маски, средства за дезинфекција и сите други потребни елементи за заштита за време на настанот ќе бидат обезбедени од Националната агенција на Труција.
– настанот ќе биде органзиаиран со почитување на социјална дистанца , мерки за хигиена , носење на маска со строга контрола за почитување на истите.
– Пред почеток на секоја сесија на сите учесници ќе им биде мерена температура пред влез во салата за состаноци.
– Распоредот на седење на учесниците во салата за настани ќе биде во согласност со препорачана социјална дистанца.
– Кафе паузите ќе бидат организиарани на отворен простор на тераса друго место на отворено , надвор од салата за состаноци.
– Работните материјали ки ќе бидат дистрибуирани од организаторот секој учесник ќе ги добие индивидуално.
Доколку имате интерес за учество Ве молиме пополнете го образецот со соодветни информации и најдоцна до 11.00 ч. до 03.11.2021 година испратете го по емаил на: Snezana.simonovska@na.org.mk
Образецот може да го преземете со клик на следниот линк.