Од 28-30 јули 2021 година во хотел “Амбасадор” во Скопје, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност реализираше 2 редовни обука за вкупно 13 волонтери кои се вклучени во волонтерски активности во Државата преку програмата Европски Солидарен Корпус.
На обуката учествуваа 13 волонтери кои се на волонтерска активност во државата, 13 на “On arrival meeting” и 11 на “Mid-term evaluation”. Преку различна методологија волонтерите имаа можност да: добијат дополнителни информации за програмата Европски Солидарен Корпус, да се запознаат со стуктурата, улогата и одговорностите на сите вклучени страни во волонтерските проекти, како да решават конфликти, како се подготвува Youthpass сертификат со кој се верификуваат сите стекнати вештини за време на волонтерските активности на секој волонтер, и да разговараат со лица од НА за сите работи поврзани со нивниот проект.
Овие обуки се задолжителен дел од програмата Европски Солидарен Корпус каде што право на учество на обуките имаат волонтери кои се на волонтерска активност која што трае повеќе од 60 дена. На обуката “On arrival” право на учество имаат волонтери кои што се на волотнерска активност 60 или повеќе од 60 дена, доколку на обуката “Mid-term evaluation” право на учество имаат волонтери кои се на долгорочна волонтерска активност односно повеќе од 6 месеци. Обуките ги организира и ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и истите ги водеше тренер од Италија.