Според програмскиот водич на програмата Еворпски Солидарен Корпус, постои циклус на обука и евалуација на учесниците.
Секој волонтер пред заминување на волонтерската активност потребно е да присуствува на обука пред заминување на активност или “Pre departure training” која е организирана од страна на организацијата испраќач. На таа обука организацијата мора да им обезбеди на учесниците практични и технички информации за прашања како што се осигурување, виза, џепарлак, работно време итн.
По пристигнувањето во земјата каде што ќе се одржи волонтерската активност доколку времетраењето на волонтерската активност е најмалку 60 дена, тогаш волонтерот ќе биде поканет од страна на Националната агенција или САЛТО ресурсниот центар да присуствува на “On arrival training” каде што оваа обука ќе ги подготви учесниците со комуникациски вештини, вклучително и аспекти на интеркултурно учење. Тоа им помага да станат свесни дека културните разлики бараат различни модели на однесување. Обуката е исто така добро време за учесниците да ги планираат следните месеци и да развијат свои лични цели за нивниот период на активност, во согласност со филозофијата за неформално учење на Европскиот солидарен корпус.
Доколку времетраењето на волонтерската активност е најмалку 6 месеци, волонтерот ќе биде повторно поканет од страна на Националната агенција или САЛТО ресурсниот центар да присуствува на “Mid-term evaluation” обука каде што ќе им овозможи на учесниците да го проценат своето искуство до тој момент и да размислат за активностите, улогата и поддршка на организацијата домаќин и на својот придонес. Евалуацијата дава можност да се учи од искуството на секого и им овозможува на учесниците да планираат развој и/или понатамошни подобрувања во нивната активност и да размислуваат што ќе прават на подолг рок, откако нивното искуство ќе заврши.