ОД 26 ДО 29 ЈУНИ 2024 ГОДИНА ОДРЖАНИ ДВЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ОБУКИ “ON ARRIVAL” И “MID-TERM EVALUATION” ЗА ВОЛОНТЕРИ КОИ СЕ НА ВОЛОНТЕРСКА АКТИВНОСТ ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од 26 до 29 јуни 2024 година, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржаа две редовни обуки за волонтери кои се вклучени во тековни волонтерски активности во државата, во рамките на програмата Европски солидарен корпус.

На овие две обуки учествуваа вкупно 13 волонтери, кои специфични тематски сесии водени од страна на искусниот тренер имаа можност да добијат подетални информации за програмата Европски солидарен корпус.

На “On arrival” обуката учество земаат оние волонтери кои се на тековна волонтерска активност 60 или повеќе од 60 дена. Целта на оваа обука е волонтерите да се стекнат со  основни и клучни знаења и вештини за успешна реализација на влонтерските активности,  полесно да се интегрираат во новата средина, да ги запознаат можностите што ги нуди програмата Европски солидарен корпус и да ги утврдат нивните нови одговорности и улоги. Преку повеќе специфични методолошки сесии волонтерите ги надградуваа своите

комуникациски вештини, стекнуваа знаење за решавање конфликти и управување со стрес.  

Од друга страна пак, на “Mid-term evaluation” обуката, право на учество имаат оние волонтери кои се на долгорочна волонтерска активност, односно повеќе од 6 месеци. Оваа обука им помага на волонтерите да направат евалуација на досегашните реализирани волонтерски актиовности и лични искуства, да ги усовршат своите вештини и воедно волонтерите добиваат насоки како да го одржат нивото на својата лична  мотивација до крајот на нивниот волонтерски престој во државата.

Овие обуки ги спроведува и покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Претходно Повик за предлог-проекти 2024 – EAC/A11/2023

Leave Your Comment

Европскиот Солидарен Корпус има за цел да поттикне солидарност во европското општество, со ангажирање на млади луѓе и организации во достапни и високо … [види повеќе]

Контакт

Бул.Кузман Јосифовски Питу бр.17
1000, Скопје

Работно време

Пон – Пет: 08:00  – 16:00 

Национална Агенција за Европски Образовни Програми - Сите права задржани © 2021.