Повик за пријавување на тековни волонтери за учество на обуки – ЕСК

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во месец септември 2022 година ќе одржи редовни обуки за тековни волонтери кои се во Република Северна Македонија преку програмата Европски солидарен корпус.   

Ги повикуваме сите организации со валидна Ознака за квалитет кои имаат тековни волонтери со волонтерски активности повеќе од 2 месеци да ја пополнат формата која штo можете да ја отворат на следниот линк (ctrl + клик), и на тој начин да ги пријават тековните волонтери за присуство на редовните обуки за волонтери (On arrival & Mid-term evaluation).

Датум и место на одржување на обуките се следниве:

  • 19-20 септември во Скопје (On arrival meeting)
  • 21-22 септември во Скопје (Mid-term evaluation)

Сите органзиации кои ќе пријават тековни волонтери за присуство на обуките ќе добијат дополнителни информации во врска со точно место за сместување и реализација на обуките.  

Појаснување:

  • Волонтери кои извршуваат активност повеќе од 59 дена имаат можност да присуствуваат на обуката (On arrival meeting).
  • Волонтери кои извршуваат активност повеќе од 6 месеци имаат можност да присуствуваат на обуката (Mid-term evaluation) .

Напомена: најдоцна до петок 09.09.2022 година до 15.30 часот да биде пополнета формата за волонтерите кои извршуваат волонтерка активност во Вашата организација повеќе од 59 дена, за да истите имаат можност да присуствуваат на задолжителните обуки.

Претходно Реализирани промоција на веб страна за програмата Европски солидарен корпус и воведен состанок за добитници на грант за предлог проекти од програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус

Leave Your Comment

Европскиот Солидарен Корпус има за цел да поттикне солидарност во европското општество, со ангажирање на млади луѓе и организации во достапни и високо … [види повеќе]

Контакт

Бул.Кузман Јосифовски Питу бр.17
1000, Скопје

Работно време

Пон – Пет: 08:00  – 16:00 

Национална Агенција за Европски Образовни Програми - Сите права задржани © 2021.