Реализирани промоција на веб страна за програмата Европски солидарен корпус и воведен состанок за добитници на грант за предлог проекти од програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус

На 20 декември 2021 година во просториите на Националната агенција во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност реализираше промоција на веб страна за програмата Европски солидарен корпус и воведен состанок наменет за организации добитници на грант за предлог проекти од програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус. 

На настанот учествуваа 10 претставници на организации кои се добитници на грант преку програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус.

Настанот започна со обраќање на Директорот на Национална Агенција – М-р Марко Ѓоргиевски.

Во првиот дел од настанот кој беше наменет за промоција на новата веб страна за програмата Европски солидарен корпус, раководителот на сектор за индивидуални мобилности во областа на образованието, обука и млади & Европски солидарен корпус Снежана Симоновска ја презентираше новата веб страна заедно со водичот за волонтери кој што наскоро ќе биде достапен на сите платформи на Националната агенција.

Во вториот дел од настанот – редовен воведен состанок за организациите кои имаат добиено финансиска поддршка преку програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус, беа презентирани општите правила и обврски на организациите кои имаат добиено грант, спецификите за сите фази на имплементација на проектите, финансиските правила и процедурите за поднесување на финален извештај по завршување на проектот. Присутните преку дискусија и прашања бараа појаснување или одговори од вработените од НА за специфични ситуации со кои се соочуваат при имплементација на проектите.

Вмрежувањето и размената на искуства помеѓу организациите е додадена вредност на овој вид на средби.

Претходно Повик за 2 учесници за “Кратка студиска посета & градење на капацитети на oрганизациии во Европски солидарен корпус “ 15-19 ноември 2021 во Анталија , Турција

Leave Your Comment

Европскиот Солидарен Корпус има за цел да поттикне солидарност во европското општество, со ангажирање на млади луѓе и организации во достапни и високо … [види повеќе]

Контакт

Бул.Кузман Јосифовски Питу бр.17
1000, Скопје

Работно време

Пон – Пет: 08:00  – 16:00 

Национална Агенција за Европски Образовни Програми - Сите права задржани © 2021.