Волонтерски проекти

ВОЛОНТЕРСКИ ПРОЕКТИ

Волонтерски проекти 

(Volunteering projects) 

Во контекст на Европскиот солидарен копрус, волонтерството е активност на солидарност која зема форма на полно работно време (најмалку 30 и не повеќе од 38 часа неделно) но истата е доброволна неплатена активност за период до 12 месеци. 

Волонтерството како активност им обезбедува на младите луѓе можност да придонесат во секојдневната работа на организациите преку солидарните активности како додадена вредност. Како главен механизам за промовирање на солидарноста како вредност, волонтирањето помага да се надминат важните општествени предизвици и да се одговори на потребите на локалните заедници. Исто така, им овозможува на младите луѓе да стекнат корисни искуства, вештини и компетенции за личен, едукативен, социјален, граѓански и професионален развој, а со тоа подобрување на нивната вработливост и активно граѓанство. 

Волонтерските активности се отворени за сите млади луѓе, вклучувајќи ги и луѓето со помалку можности. Младите можат да бидат вклучени во волонтерски активности без да се бара претходна квалификација, ниво на образование, специфично искуство или познавање на јазикот. 

Волонтирањето може да се одвива во широк спектар на области, како на пример во областа на заштитата на животната средина, ублажување на климатските промени и поголема социјална вклученост. 

Волонтерството не вклучува активности што се дел од наставните програми во формалното образование, системите за стручно образование и обука и активности за одговор при итни случаи и не смеат да влијаат на функционирањето на пазарот на трудот. 

Активностите поддржани преку волонтирање секогаш даваат можности за стекнување на големо искуство во неформалното и информалното учење и ги подобрува вештините и компетенциите на младите. Тие не смеат да заменат практиканство или работа и треба да се засноваат на писмен договор за волонтирање. 

Волонтерството преку Европскиот солидарен корпус ги покрива трошоците на учесниците кои произлегуваат од учество во активности на солидарност, но не им обезбедува плати или економска корист. Учеството во волонтерски активности мора да биде бесплатно за волонтерот, со исклучок на можни придонеси во патните трошоци (ако грантот не ги покрива целосно овие трошоци), и дополнителни трошоци кои не се поврзани со спроведувањето на активноста. 

Волонтерските активности се отворени за сите млади луѓе, вклучително и луѓе со помалку можности. Волонтерите треба да бидат избрани на фер, транспарентен и објективен начин. 

Во рамките на проектите за волонтерски активности, има можност за два вида на волонтерство: 

  • Индивидуално 
  • Волонтерски тимови 

Индивидуалното волонтирање им овозможува на младите луѓе да учествуваат во секојдневната работа на организациите и трае помеѓу 2 и 12 месеци, а во некои случаи 2 и повеќе недели. Учесниците може да волонтираат во странство или во сопствената земја на живеење за проекти каде активностите се насочени кон вклучување во социјалниот живот, животна средина, култура и друго. 

Волонтерските тимови се групи од 10–40 луѓе од најмалку две различни земји кои волонтираат заедно во период помеѓу 2 недели и 2 месеци. 

Трошоците за сместување и храна се покриени. Учесниците добиваат и мал надоместок за лични трошоци. 

Дознај сѐ што е потребно за апликација

КАДЕ ДА СЕ АПЛИЦИРА?

Национална Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност

Европскиот Солидарен Корпус има за цел да поттикне солидарност во европското општество, со ангажирање на млади луѓе и организации во достапни и високо … [види повеќе]

Контакт

Бул.Кузман Јосифовски Питу бр.17
1000, Скопје

Работно време

Пон – Пет: 08:00  – 16:00 

Национална Агенција за Европски Образовни Програми - Сите права задржани © 2021.