Солидарни проекти

СОЛИДАРНИ ПРОЕКТИ

Солидарни проекти 

(Solidarity Projects) 

Солидарен проект е активност на солидарност во земјата, иницирана, развиена и имплементирана од млади лица со времетраење од 2 до 12 месеци. Овој вид на проекти дава можност на група од минимум пет млади лица да изразат солидарност со преземање одговорност и да се посветат на тоа да донесат позитивна промена во нивната локална заедница. Проектот треба да има јасно идентификувана тема што групата на млади луѓе сакаат да ја истражуваат заедно, а истата соодветно да се реализира преку конкретни дневни активности на проектот и активно вклучување на сите учесници. 

Солидарните проекти треба да се насочени кон клучните предизвици во заедниците, но исто така треба да биде видлива и европската додадена вредност. Учеството во солидарен проект е важно искуство за учење на младите каде имаат можност преку неформално учење да го зголемат својот личен, едукативен, социјален и граѓански развој. 

Цели и влијание 

Солидарниот проект треба да ги содржи принципите и вредностите на Европскиот солидарен корпус, особено кон солидарноста. Во секој солидарен проект целна група може да бидат млади луѓе со помалку можности кои се соочуваат со ситуации што го отежнуваат нивното вклучување во општеството. 

Овој вид на проекти им овозможува на младите луѓе да превземат иницијатива и да одговорат на прашањата и предизвиците околу нив. Најчесто солидарните проекти се директно поврзани со потребите на младите кои произлегуваат во локалната заедница во која живеат, но исто така преку имплементација на овие проекти во зависност од темата младите можат да решат регионални, па дури и национални прашања. Солидарниот проект треба да има влијание врз локалната заедница преку решавање на локалните проблеми, таргетирање на одредена група или развој на локални можности (особено во заедниците лоцирани во рурални, изолирани или маргинализирани области), но исто така и преку вклучување на различни чинители и развој на нови партнерства. На овој начин, со поставување на заеднички цели и континуирана соработка со сите инволвирани страни за постигнување на поставените цели и со имплементација на солидарните проекти, освен младите кои се директно вклучени, и пошироката заедница има корист од солидарните проекти. 

Освен решавање на локалните предизвици, солидарните проекти исто така треба јасно да ја демонстрираат европската додадена вредност преку решавање на приоритетите утврдени на европско ниво. Солидарен проект треба да рефлектира заедничка загриженост за прашања во рамките на европското општество, како на пример интегрирање на државјани на трети земји, климатските промени или учество на младите во демократските процеси . Европската додадена вредност може да се изрази преку  било кој елемент на солидарниот проект кој е поврзан со европски теми, вредности и приоритети. Европските приоритети исто така се промовираат по завршување на проектот преку дисеминација на резултатите кои биле постигнати во рамките на проектот. 

Учеството во солидарен проект поттикнува иницијатива, активно европско граѓанство и претприемачки дух кај младите, но во исто време претставува важно искуство за неформално учење на младите.

Кој може да аплицира и како се спроведува солидарен проект 

Минимум 5 млади луѓе на возраст од 18-30 години од иста држава може да аплицираат за солидарен проект. 

Младите луѓе кои сакаат да формираат група за аплицирање за солидарен проект мора да бидат регистрирани на порталот на Европскиот Солидарен Корпус. 

Минималниот број е 5 млади луѓе на возраст од 18-30 години кои легално престојуваат во една иста држава-учесник, а се пријавиле на порталот на Европскиот Солидарен Корпус. 

Не постои максимален број на учесници. Активноста на солидарен проект се одвива во земјата во која престојуваат учесниците. Еден од младите во групата ја превзема улогата на законски застапник и ја превзема одговорноста за поднесување на апликацијата. Исто така, групата млади луѓе може да побара поддршка од некоја организација (јавно или приватно тело/институција) која во нивно име ќе ја поднесе апликацијата за солидарен проект. 

Дознај сѐ што е потребно за апликација

КАДЕ ДА СЕ АПЛИЦИРА?

Национална Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност

Европскиот Солидарен Корпус има за цел да поттикне солидарност во европското општество, со ангажирање на млади луѓе и организации во достапни и високо … [види повеќе]

Контакт

Бул.Кузман Јосифовски Питу бр.17
1000, Скопје

Работно време

Пон – Пет: 08:00  – 16:00 

Национална Агенција за Европски Образовни Програми - Сите права задржани © 2021.