Oзнака за квалитет

ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ

Ознака за квалитет – Европски солидарен корпус 

(Quality Label – European Solidarity Corps) 

Секоја организација која сака да учествува во активностите на Европскиот солидарен корпус задолжително треба да има добиено Ознака за квалитет. Со Ознаката за квалитет се обезбедува усогласеност на активностите и начинот на работа на организациите со принципите и целите на Европскиот солидарен корпус и тоа во однос на нивните одговорности во текот на сите фази на активностите кои ги имплементираат (подготовка, реализација и известување по завршена активност). 

Стекнување на статус, организација со Ознака за квалитет, е предуслов за учество на една организација во активности поддржани од Европскиот солидарен корпус (волонтерски, практиканство и работа). Секоја организација која ќе добие Ознака за квалитет автоматски добива пристап до базата на податоци на Европскиот солидарен корпус. 

Да се има Ознака за квалитет не значи дека автоматски организацијата ќе добие финансирање на предлог-проект. Организациите со важечка Eразмус+ волонтерска акредитација можат да учествуваат во волонтерски активности без да поседуваат Ознака за квалитет заклучно со 31 декември 2021 година. 

Нема рок за аплицирање за Ознака за квалитет. 

За кого е Ознаката за квалитет 

Сите организации вклучени во волонтерски проект (апликантот и сите партнери) треба да имаат Ознака за квалитет, како и апликантите кои ќе аплицираат за предлог-проекти за практиканство и работни места. Таа мора да биде доделена пред да се поднесе апликација за финансирање и важи за периодот од 2021 до 2027 година. Неформалните групи на млади лица не можат да аплицираат за Ознака за квалитет бидејќи не се подобни да бидат апликанти за волонтерски проекти. 

Секоја организација по добивање на Ознаката за квалитет добива пристап до Системот за администрација и поддршка (PASS), каде што може да пребарува потенцијални учесници, да привлекува млади луѓе кои ќе бидат учесници во идни проекти и при тоа да ги промовира и своите активности. 

Доколку некоја организација веќе има важечка акредитација за Европски волонтерски сервис (ЕВС), Еразмус+ волонтирање, во тој случај автоматски има пристап до Системот за администрација и поддршка PASS. 

Активности и улоги на носителот на Ознаката за квалитет 

Една организација може да аплицира за различни активности и улоги кои се достапни преку Ознаката за квалитет. Во зависност од активностите кои се предмет на интерес на организација има можност да се аплицира поединечно за Ознака за квалитет за: 

• Волонтирање – поддршка и / или улога на домаќин 

Организациите можат да аплицираат за Ознака за квалитет за една или за две улоги: 

• Домаќин организација – што овозможува една организација да биде домаќин на волонтери во просториите на организацијата и да ги вклучи во тековни локални активности. 

• Организација поддржувач –  овозможува организацијата да испраќа локални волонтери во други држави кои се дел од програмата Европски солидарен корпус. 

• Организација водач – овозможува на организација да биде апликант за грант. 

Секоја организација која ќе се стекне со Ознака за квалитет (независно во која улога) има обврска да ги почитува одредбите, главните принципи и стандардите за квалитет на Солидарниот корпус содржани во Повелбата. 

Напомена: Во прилог на овие улоги, оние организации кои сакаат да аплицираат за грантови, управуваат  и координираат волонтерски активности под Проекти за волонтерство, потребно е да поседуваат Ознака за квалитет за водечка организација. Организации кои немаат ознака за квалитет за водечка организација можат да дејствуваат како партнери во проекти. 

Кога да се аплицира 

Сите заинтересирани организации можат да аплицираат за Ознака за квалитет во кое било време. Откако ќе поднесат апликација за Ознака за квалитет, потребни се осум недели на вработените во Националната агенција за да ги обработат апликациите и да ги информираат апликантите за Ознаката за квалитет. Поради специфичноста на самиот процес на обработка (географски карактеристики односно регионот од каде е поднесена апликацијата, техничка проверка на апликација, проверка на лице место на апликанотот кој ја поднел апликацијата, квалитативна проверка и оценување и процес на донесување на одлука за одобрување или одбивање на апликацијата), овој период може да се продолжи доколку е потребно. 

Организациите кои имаат важечки ЕВС акредитации од Еразмус+ потребно е да поднесат нова апликација за Ознака за квалитет најдоцна до 31 декември 2021 година доколку сакаат да го продолжат своето учество во програмата ЕСК. 

Тоа е особено важно во случај на организации кои имаат ЕВС акредитација која истекува за време на проектните активности (на пр., Домаќин на волонтер). Таквите организации треба да аплицираат за нова Ознака за квалитет пред истекот на ЕВС акредитацијата за да избегне прекин во нивната акредитација и да обезбедат подобност за активностите. 

Ве молиме имајте во предвид дека: Секоја година Европската Комисија објавува нов формулар за апликација. Доколку Вашата подготвена апликација не ја поднесете до крајот на декември во тековната година може да се соочите со проблем и истата да не може да ја поднесете од 1  јануари следната година. Во овој случај ќе морате да користите апликациска форма за Ознака за квалитет која се однесува на периодот од 1 јануари – 31 декември во тековната година кога поднесувате апликација за Ознака за квалитет. 

Дознај сѐ што е потребно за апликација

КАДЕ ДА СЕ АПЛИЦИРА?

Национална Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност

Европскиот Солидарен Корпус има за цел да поттикне солидарност во европското општество, со ангажирање на млади луѓе и организации во достапни и високо … [види повеќе]

Контакт

Бул.Кузман Јосифовски Питу бр.17
1000, Скопје

Работно време

Пон – Пет: 08:00  – 16:00 

Национална Агенција за Европски Образовни Програми - Сите права задржани © 2021.