ЈАВНЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 3 УЧЕСНИЦИ НА  (TOSCA)– обука и поддршка на организации активни во волонтерски активности

Согласно Решението за објавување на јавен повик бр. 21-485/2 од 10.04.2023 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавува 

ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 3 (ТРИ) УЧЕСНИЦИ НА  (TOSCA)обука и поддршка на организации активни во волонтерски активности во Европски солидарен корпус

24-28 Април 2023 година | Кавала , Република Грција

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија во соработка со Национална агенција на Република Грција објавува јавен повик за учество на 3 учесници за обука во Република Грција на тема:  (TOSCA)обука и поддршка на организации активни во волонтерски активности во Европски солидарен корпус

Рок за аплицирање до 16 Април 2023

Главна цел на обуката е да се овозможи поголемо разбирање на приоритетите на програмата ЕСК при дизајнирање на волонтерски проекти, стекнување на вештини за креирање и импелементирање на волонтерски проекти со акцент на квалитетот на проектите, поголемо познавање на правилата на програмата, можност за дискусија помеѓу учесниците за важни прашања и предлог решенија за истите, како и размена на искуства и вмрежување.   

Обуката ќе се реализира од 24-28 Април 2023 година во Кавала , Република Грција.  

Оваа обука е наменета за претставници на организации кои имплементираат волонтерски проекти преку програмата Европски солидарен корпус. 

Цели на обуката:
●  Зголемено разбирање и свесност и посветеност во примената на клучните критериуми за квалитет во Европски солидарен корпус 

●  Градење на компетенции за дизајнирање и имплементација на квалитетни волонтерски проекти преку ЕСК
●  Обезбедување на појаснувања и поддршка во однос на формалното функционирање на програмата ЕСК: можности,  насоки, структури, приоритети, правила и процедури.      
●  Mожност за дискусија помеѓу учесниците за важни прашања и можни предлог решенија за истите
●  Зголемување на поддршката помеѓу самите органзиации кои се вклучени во Европски солидарен корпус  

Учесниците треба да се :

  • Активно вклучени во волонтерски активности во Европски солидарен корпус.
  • да имаат поврзаност со организација која има добиено Ознака за квалитет  (или акредитација за волонтерство во Еразмус +)
  • Да имаат клучна улога во и посветеност за:  обезбедување на услови за квалитетни активности; да обезбедат позитивно влијание на волонтерски активности во локалната заедница; да креираат можности за учење во организацијата и за волонтерите.       

Профил на учесници:

  • Младински лидери, младински работници, ментори на волонтери, тренери, координатори на волонтерски проекти.
  • Учесниците треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик кој ќе биде работен јазик за време на активноста. 

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е на следниот начин:

• Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;

• Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет (локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест ).

Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите ќе се одржат во Кавала, Република Грција. 

Рок за аплицирање до 16 Април 2023

Начин на аплицирање на следниот линк: https://forms.gle/fTbaDRj9Cguxifix7

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесници за обука во Република Грција на тема: (TOSCA) – обука и поддршка на организации активни во волонтерски активности во Европски солидарен корпус, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

Претходно ЈАВЕН ПОВИК За програмата „ Европски солидарен корпус“

Leave Your Comment

Европскиот Солидарен Корпус има за цел да поттикне солидарност во европското општество, со ангажирање на млади луѓе и организации во достапни и високо … [види повеќе]

Контакт

Бул.Кузман Јосифовски Питу бр.17
1000, Скопје

Работно време

Пон – Пет: 08:00  – 16:00 

Национална Агенција за Европски Образовни Програми - Сите права задржани © 2021.