Повик за предлог-проекти 2023 – EAC/A14/2022 – Европски солидарен корпус

1. Вовед и цели 

Овој повик за предлог-проекти се заснова на Регулативата (ЕУ) 2021/888 на Европскиот парламент и на Советот од 20 мај 2021 година со која се воспоставува Програмата за европскиот солидарен корпус, како и на Годишната програма за работа на Европскиот солидарен корпус за 2022 година (C(2022)5757).Програмата на Европскиот солидарен корпус го опфаќа периодот од 2021 до 2027 година. Општите и специфичните цели на Програмата на Европскиот солидарен корпус се наведени во член 3 од Регулативата. 

2. Акции 

Овој повик за предлог-проекти ги опфаќа следниве акции на програмата на Европскиот солидарен корпус: 

  1. Волонтерски проекти 
  2. Волонтерски тимови во области со висок приоритет 
  3. Солидарни проекти 
  4. Ознака за квалитет за солидарни волонтерски активности 
  5. Ознака за квалитет за волонтерство во хуманитарна помош 
  6. Волонтирање во рамките на Европскиот корпус за доброволна хуманитарна помош. 

3. Подобност 

Секој јавен или приватен субјект без разлика дали е непрофитен или профитен, локален, регионален, национален или меѓународен може да аплицира за финансирање во рамките на Европскиот солидарен корпус. Дополнително, групи млади луѓе регистрирани на порталот на Европскиот солидарен корпус можат да аплицираат за финансирање за солидарни проекти. 

Следниве земји (1) можат целосно да учествуваат во сите акции на Европскиот солидарен корпус: 

  • 27-те земји-членки на Европската унија и прекуокеанските земји и територии,
  • Tрети земји поврзани со Програмата:
    • Земјите на ЕФТА / ЕЕА: Исланд и Лихтенштајн,
    • Земјите кандидати за членство во ЕУ (2): Република Турција, Република Северна Македонија. 
  1. Законски основани субјекти и луѓе кои легално престојуваат во тие земји. 
  2. Предмет на потпис на билатералните договори за асоцијација.

Дополнително, одредени активности се отворени за субјекти законски основани во трети земји кои не се поврзани со Програмата. 

Ве молиме погледнете го Водичот на Европскиот солидарен корпус за 2022 година за повеќе детали за начините на учество. 

4. Буџет и времетраење на проектите 

Вкупниот буџет предвиден за овој повик за предлог-проекти се проценува на  142 200 000.евра. 

Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог-проекти, како и неговата распределба индикативно е предмет на усвојување на Годишната програма за работа на Европскиот солидарен корпус за 2023 година (22 август, 2022 ) и може да биде изменет под услов на измена на Годишната програма за работа на Европскиот солидарен корпус. Потенцијалните апликанти се поканети редовно да ги консултираат Годиш ните работни програми за Европскиот солидарен корпус и нивните амандмани, објавени на: 

https://europa.eu/ youth/solidarity/organisations/reference-documents-resources 

Доделените грантови и времетраењето на проектите варираат во зависност од фактори како што се видот на проектот и видот на апликантите кои ги исполнуваат условите. 

5. Краен рок за поднесување на апликациите 

Роковите за поднесување на апликациите наведени подолу завршуваат во 12.00 часот (пладне), според бриселско време. 

Волонтерски проекти23 февруари 2023 година
(изборен рок) 4 октомври 2023 година
Солидарни проекти23 февруари 2023 година
(изборен рок) 4 мај 2023 година
4 октомври 2023 година

Роковите за поднесување на апликациите наведени подолу завршуваат во 17.00 часот, според бриселско време. 

Волонтерски тимови во области со висок приоритет8 февруари 2023 година
Волонтирање во рамките на Европскиот корпус за доброволна хуманитарна помош3 мај 2023 година

Апликациите за ознаки за квалитет може да се поднесуваат на континуирана основа. 

Ве молиме погледнете го Водичот на Европскиот солидарен корпус за 2022 година за детални инструкции за поднесување на апликациите. 

6. Целосни детали 

Деталните услови на овој повик за предлог-проекти, вклучително и приоритетите, може да се најдат во Водичот за програмата на Европскиот солидарен корпус за 2023 година на следната интернет адреса: 

https://europa.eu/youth/solidarity/organisations/calls-for-proposals

Водичот за програмата на Европскиот солидарен корпус за 2023 е составен дел на овој повик за предлог-проекти и условите за учество и финансирање изразени во него целосно важат за овој повик. 

Претходно  Повик за пријавување на тековни волонтери за учество на обуки – ЕСК

Leave Your Comment

Европскиот Солидарен Корпус има за цел да поттикне солидарност во европското општество, со ангажирање на млади луѓе и организации во достапни и високо … [види повеќе]

Контакт

Бул.Кузман Јосифовски Питу бр.17
1000, Скопје

Работно време

Пон – Пет: 08:00  – 16:00 

Национална Агенција за Европски Образовни Програми - Сите права задржани © 2021.